Живот
30. July 2018 - 9:47

Бремена жена загина во страотен судар: Она што потоа се случи со нејзиното бебе го нарекуваат чудо

Бебето при тешката сообраќајна несреќа буквално било откорнато од мајчината утроба и преживеа без ниту една гребаница, но мајката за жал настрада.

Бремената жена се наоѓала во камион кога возачот изгубил контрола над возилото, кое се превртело кај местото Кажати, меѓу Сао Паоло и Куритиба, во југоситочниот дел на Бразил.

Жената во таа прилика излетала од камионот, даските кои ги превезувале паднале врз неа и и го искинале стомакот, а бебето излетало надвор.

Шокираните лекари ја пронашле мртвата жена под даските расеани по патот, а потоа слушнале плач и го здогледале девојчето неколку метри подолу.

Бебето, чија папочна врвца се скинала во несреќата, е совршено здраво и моментално се наоѓа во болница, на одделението за интензивна нега.

Полицијата и социјалните служби се обидуваат да ја идентификуваат мајката, која била во 39 недела од бременоста и немала документи.

Елтон Фернандо Барбоса, лекар од итната помош кој во четвртокот прв стигнала на местото на несреќата, за бразилскиот весник „Трибуна“ изјави: „Беше тоа тешка несреќа во која едно лице загина. Кога стигнав видов дека возачот на камионот е провреден и спасители му укажуваа помош. Бев покрај жртвата која смртно настрадала кога слушнав детски плач... Бебето буквално беше исфрлено од мајчината утроба после ударот, кој бил толку силен што и се искинал стомакот“.

Тој рече дека е вистинско чудо што бебето преживеало.

„Ќе бидам искрен. Мислам дека тоа беше Бог. Врз основа на тоа што го видов, воопшто не ми е јасно како преживало. Ова е настан кој ќе го одбележи мојот живот. Не верувам дека ништо слично се има случено“.

Возачот на камиотнот Џонатан Фереира е пуштен од болница истиот ден и ќе биде обвинет за убиство од небрежност. Тој им рекол на спасувачите дека не ја познавал жената и само ја превезол. Доколку жената не биде идентификувана, ќе биде погребана како непознато лице, а бебето ќе биде дадено на посвојување, соопшти полицијата.