Полицијата и социјалните служби се обидуваат да ја идентификуваат мајката, која била во 39 недела од бременоста и немала документи.
Елтон Фернандо Барбоса, лекар од итната помош кој во четвртокот прв стигнала на местото на несреќата, за бразилскиот весник „Трибуна“ изјави: „Беше тоа тешка несреќа во која едно лице загина. Кога стигнав видов дека возачот на камионот е провреден и спасители му укажуваа помош. Бев покрај жртвата која смртно настрадала кога слушнав детски плач... Бебето буквално беше исфрлено од мајчината утроба после ударот, кој бил толку силен што и се искинал стомакот“.
Тој рече дека е вистинско чудо што бебето преживеало.
„Ќе бидам искрен. Мислам дека тоа беше Бог. Врз основа на тоа што го видов, воопшто не ми е јасно како преживало. Ова е настан кој ќе го одбележи мојот живот. Не верувам дека ништо слично се има случено“.
Возачот на камиотнот Џонатан Фереира е пуштен од болница истиот ден и ќе биде обвинет за убиство од небрежност. Тој им рекол на спасувачите дека не ја познавал жената и само ја превезол. Доколку жената не биде идентификувана, ќе биде погребана како непознато лице, а бебето ќе биде дадено на посвојување, соопшти полицијата.