Бред Пит и Џенифер Анистон заедно го прославија нејзиниот роденден: Актерката направи гала прием, а Пит се обиде да се протне незабележан
Џенифер Анистон направи роденденска прослава во еден хотел, а на церемонијата се појави и нејзиното поранешно момче Бред Пит. Тој се обиде да им побегне на фоторепортерите, па дури и се закамуфлираше за да не привлече внимание, но сепак на папараците ништо не може да им побегне.
Имено, актерката го прослави својот 50. роденден, а покрај огромното обезбедување, фотографи и поканети гости, Бред се обиде да се „протне“ во ресторанот и да помине незабележано, скриен под бејзбол капчето.
Но, бидејќи првобитниот план не успеа, актерот од грб е сликан како влегува на прославата.
Покрај Бред, на прославата присуствуваа и Гвинет Палтроу (исто така негова поранешна девојка), Кети Пери со Орландо Блу,. Барбара Стрејсенд, Кејт Хадсон со сопругот, брачната двојка Клуни, Сандра Булок, Елен Деџенерис, пријателките од серија „Пријателеи“ Кортни Кокс и Лиза Кудроу, Роберт Дауни Џуниор, Синди Крафорд, како и многу други.
Ново на Сител
-
Судски формираше комисија која ќе ги испитува претходните постапки за Васил Јованов
-
Обвинителството прибира докази за сообраќајката во која загина Фросина
-
Мицкоски: Владата ќе им врати 50 милиони евра на компаниите за солидарен данок
-
Во Прилеп започна промената на водоводната мрежа во центарот на градот
-
Стартува проектот за изградба на најголемиот ветерен парк на западен балкан
-
Охрид ќе добие катна гаража и нов плоштад
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра