Бразилка плати 90.000 долари за бакнеж со Рики Мартин
Бразилката Ана Паола Диниз даде 90.000 долари за бакнеж со познатиот латино заводник Рики Мартин.
Имено, како што објавија бразилските медиуми, Диниз, која е сопственик на Центар за домашни миленичиња, понудила највисока сума на аукцијата на еден хуманитарен собир во Сао Паоло.
Парите од аукцијата биле наменети за помош на лица заболени од СИДА.
Пејачот од своја страна со жестокиот бакнеж се потруди да и се „исплатат“ вложените пари на Диниз, иако е општо познато дека Рики е хомосексуалец и во моментов е во врска со уметникот Јуан Јозеф.
- Знам дека сум атрактивен и за мажите и за жените. Сите ние сме луѓе со емоционални и сексуални потреби, изјави 44-годишниот Рики, кој и покрај годините изгледа многу подобро и од некои негови помлади колеги.
Рики призна дека е хомосексуалец во 2010 годна, а четири годни подоцна откри дека чувствува вистинско олеснување. Пејачот има и две деца кои ги роди сурогат мајка - седумгодишните близнаци Матео и Валентино.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите