Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков“ од Велес збогатена со четири нови книги
Здружението на слепи и лица со оштетен вид во соработка со локалната библиотека денеска во медиотеката на библиотеката во Велес промовира четири нови книги од Брајовата бибиотека „Ратко Пајдаков“. Тоа се книгите „Табакерата“ од Ѓорѓи Абаџиев, „Песни “од Коле Неделковски, „Македонска крвава свадба“од Војдан Чернодрински и „Белиот светец“ од Ристо Јачев.
Библиотеката на своите членови со оштетен вид на Брајово писмо им нуди 21 книга, од кои 11 книги беа отпечатени за само две годинини со Брајов печатар кој го доби од општина Велес. Во ова библиотека на располагање на членовите се и 178 аудио наслови на книги.
- Засега интересот кај граѓаните е голем и затоа продолжуваме во овој проект, информира Игор Крајчев, директор на Локална библиотека Гоце Делчев.
Освен во библитеката, книгите можат да се најдат и на веб страната на Националниот Сојуз на слепи лица на Македонија.
Доставата на брајовите книги до читателите ја прави Здружението, затоа што тие имаат специјални кутии за пренесување на вакви книги.
Тони Пајдаков претседател на Здружението на слепи лица, за медиумите изјави дека планирааат да дигитализираат и шест илјади книги кои ги чуваат на магнетофонски ленти.
- Тоа е голем зафат и бара голема работа, но ние се надеваме дека ќе го реализираме со подршка на институциите и бизнис секторот, најави Пајдаков.
Ново на Сител
-
Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор
-
Дал 5 евра за автобусот да ја мине границата, уапсен 28-годишен Косовец на Блаце
-
Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јануари-јуни 2024 и исплата за градинарско производство
-
Забрана за движење товарни моторни возила на патот Дебар - Маврово и Тетово – Попова Шапка
-
Студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото