БПЦ подготвена да испрати делегација на прославата на 1000-годишнината од формирањето на Охридската архепископија
Бугарската православна црква (БПЦ) ќе испрати делегација на чествувањето по повод 1000-годишнината од формирањето Охридската Архиепископија, што ќе се одржи во Охрид на 28 мај оваа година, доколку добие покана, изјави поглаварот на БПЦ, патријархот Неофит.
- Ако има покана, ќе испратиме делегација, нагласи бугарскиот партијарх.
На посебна седница одржана на 13 март, Светиот синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија донесе одлука прославата на 1000-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија да се одржи во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид на 28 мај.
Охридската архиепископија е формирана од страна на византискиот император Василиј Втори во 1018 година и првично опфаќала 31 епархија.
Катедрален храм на Охридската архепископија била базиликата „Света Софија“ во Охрид, која е изградена во 863 година на темелите на стар христијански храм од доцната римска епоха.
Охридската архиепископија била неканонски укината во 1767 година на инсистирање на вселенскиот патријарх, со што нејзините епархии се приклучени кон Вселенската патријаршија.
Последен охридски архиепископ бил Арсениј Втори.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Студено утро, сончево преку ден
-
Штипјанка пронашла делови од човечко тело за кои претпоставува дека се на нејзината мајка
-
Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга
-
АА: Братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада
-
Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер
-
Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало
-
Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата