Балкан
7. October 2024 - 10:37

Брачен пар загина во пожар во стан во Белград

Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.

Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица. Жртви се повозрасен брачен пар. Српските медиуми пишуваат дека станува збор за 80 годишни луѓе. 

Противпожарните екипи се уште се на терен.