Божикна честитка од претседателот Иванов
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
- Празнувањето на Божик секогаш нè навраќа на Светото предание кое започнува со Витлеемската ѕвезда, раѓањето на Синот Божји кој ја прими човечката природа и стана човек. Чествувајќи го Божик ги славиме љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божикната порака за вистината за верата, за човечноста и за хуманоста е глас кој треба да го продолжиме, стои во честитката од Иванов.
Божик, како што посочува македонскиот претседател, е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и радост. - Нека Бадниковата вечер и Божик внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и благослов. Овој голем христијански празник нè учи да бидеме солидарни, затоа да споделуваме со оние кои имаат помалку, да им помогнеме на немоќните и на обесхрабрените, посочува Иванов.
Ново на Сител
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно