Борел: Путин ја гранатира Украина за да ја зајакне својата кандидатура за реизбор за претседател на Русија
Во пресрет на зимата и за да ја зајакне својата кандидатура за реизбор за претседател на Русија, (Владимир) Путин се обидува да даде нов поттик на војната во Украина, повторно изведувајќи ракетни напади врз Киев, погодувајќи цивилни цели, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на прес-конференција по денешната средба на европските министри за надворешни работи во Брисел.
– Треба да направиме се за Путин да не надвладее, додаде тој.
Според него, Украина се бори на два фронта – на бојното поле и на патот кон ЕУ.
– Треба да ја поддржиме Украина, европските шефови на држави и влади треба да донесат важна одлука оваа недела, посочи тој во однос на очекувањата дека Европскиот совет ќе го поддржи почетокот на пристапните преговори со Киев.
Покрај воената помош, тој смета дека треба да се обезбеди долгорочно финансирање на Украина.
– Време е да се зголеми и забрза помошта. Нашата поддршка треба да биде упорна, затоа е неопходно да бидеме обединети, рече Борел.
Според него, неопходно е да се зголеми буџетот за европска воена помош за украинските сили за пет милијарди евра.
Тој додаде дека утре земјите од ЕУ ќе добијат предлог како да ги користат приходите од запленетиот руски имот според европските санкции.
Борел истакна дека предлогот е предмет на одобрување од Советот на ЕУ.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра