Борел: ЕУ го осудува шокантниот чин на терор во Керман и изразува солидарност со иранскиот народ
Европската Унија најостро ги осудува експлозиите во иранскиот град Керман, наведе денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во писмената изјава по повод вчерашниот инцидент во кој според последните податоци загинаа 84 лица.
– Овој шокантен чин на терор чинеше животи на невини цивили и многу повредени. ЕУ ја изразува својата солидарност со иранскиот народ. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства, наведе Борел во кусата изјави.
Експлозиите се случија во градот Керман во југоисточниот дел на Иран, во близина на гробот на влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани за време на комеморативната церемонија по повод четвртата годишнина од неговата смрт. Досега никој не презеде одговорност за експлозиите.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот