Македонија
12. May 2016 - 13:48

Битолчани го чистат споменикот на Филип II Македонски, нема да дозволат вандализам и насилство

Денес во Битола граѓани се собраа да го чистат споменикот на Филип Втори на Плоштадот Магнолија кој беше уништен од протестантите на СДСМ.
 
-Никако нема да дозволиме уништување на она што е значајно за Македонија и македонскиот народ. Битола е град на традиција и домаќинлук и во Битола ова не смее повеќе да се случува! Насилно однесување, вандализам, уништување-тоа е недозволиво во конзулска и космополитска Битола, велат битолчани.
 
 
Во изјавата додаваат „Нас ни е жал за децата кои го прават ова и за нивните родители, ама сепак најдобро е за сите да ги научат нешто да работат, а не да рушат!
 
Додаваат дека тие досега со своите внуци и најблсики доаѓале пред споменикот на Филип Македонски да се фотографираат, а сега изгледа вака како што изгледа.
 
Со порака за демократски начини и вредности насобраните граѓани ја продолжија акцијата за чистење на споменикот.