Битолчанецот кој утрово се обеси во затвор е човекот кој лани си ја уби сопругата
Утрово, во Одделението за притвор во Затворот Битола околу 6 часот вработен во затворот го пронашол обесен И.Д.(54).
54- годишниот битолчанец кој на 13-ти март минатата година си ја уби сопругата, рано утрово се обеси во затворот во Битола, дознава Орбис.
Во 2017. година на тогаш 53 годишен И.Д. му беше одредена мерка притвор од страна на Основен суд-Битола во траење од 30 дена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
Утрово, во Одделението за притвор во Затворот Битола околу 6 часот вработен во затворот го пронашол обесен И.Д.(54).
-Смртта е констатирана од страна на лекар од Брза помош. Од страна на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увидот е во тек. Зошто, речиси една година по убиството на неговата сопруга тој се уште е во одделението за притвор, нема информации, пишува Орбис.
Ново на Сител
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот
-
РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина
-
На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово