Македонија
19. March 2022 - 16:45

Битола: Малолетничка истепана од очувот

Се скарале малолетничка и нејзиниот очув по што тој ја истепал.

- На 18.03.2022 во 19.15 часот во СВР Битола, од страна на претставници од ЈУМЦСР заедно со оштетеното лице, 17 годишна малолетничка било пријавено дека истиот ден околу 11.30 часот додека била во семејниот дом во Битола, настанала расправија помеѓу малолетничката и нејзиниот очув С.М., по што физички ја нападнал, информира МВР.

Известен бил Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.