Битиќи: Со ребалансот на буџетот за 2020 година ја трансформираме македонската економија
Ребалансот на буџетот за 2020 година има една јасна цел – забрзување на процесот на опоравување на македонската економија преку финансирање на мерките за надминување на последиците од корона кризата. Многу поважно, овој ребаланс ќе овозможи брза трансформација но и зголемување на конкурентноста на македонската економија.
За социјална заштита поврзана со ефектите од КОВИД-19 се распоредуваат 350 милиони денари, а исто толку и за Фондот за здравство.
За Министерство за образование обезбедивме дополнителни 350 милиони денари во КОВИД програмата со цел да им помогнеме на нашите млади да се стекнат со ИТ и дигитални вештини кои ќе им овозможат брзо вработување во новата економија.
Други поголеми расходи се за исплата на платите, проектирани на ниво од 30,2 милијарди денари или за 0,4 милијарди денари пониско. Расходите за стоки и услуги се намалени за 1,8 милијарди денари во однос на планот за 2020 година а тековните трансфери се планирани на ниво од 166 милијарди денари или за 9,6 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2020 година, како резултат на обезбедување на средствата за економските мерки.
Ново на Сител
-
Дрога, пари, пиштол, еве што пронајде полицијата кај Раде Штекли | ФОТО
-
Почина 17-годишниот кој се здоби со изгореници од струен удар
-
Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Климент Танески од Ростуше
-
Теодор Јовески го извади осветениот крст од водите на Вардар во Скопје
-
Бојан Јовевски го извлече крстот од осветените води на Крива Река
-
Мицкоски: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните
-
Во Охрид Светиот крст го фати Мартин Гоџоски
-
Намалена видливост поради магла до 100 метри во Штип, Страцин, Битола и Прилеп