Битиќи: Ќе дадеме налог Инспекторатот да провери дали вештачки се прави недостиг на пелети и огревно дрво
– Како што претходно при обидот да се направи профит со криење на прехранбените производи беа посочени сите компании што тоа го направија и сега ќе направиме слично со оние што се обидуваат да направат вештачки недостиг на пелети и огревно дрво за зголемување на нивните цени, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
– Денеска на Влада по допрен глас ќе дадеме задолжение на Инспекторатот да излезе на терен за да потврди дека ваквите укажувања се вистинити. Укажувањето е дека трговците не дека немаат количини на пелети на огревни дрва, но тоа го прават вештачки, како што некој претходно се обиде пред одреден временски период тоа да го направи со прехранбените продукти за да има зголемување на нивните цени. Да имавме закон за воено профитерство лесно ќе реагиравме, рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Вицепремиерот нагласи дека во подготовка е закон за фер односи во стопанството, во кој, како што рече, тоа ќе биде регулирано.
Ново на Сител
-
Тројца Израелци убиени во вооружен напад на граничен премин меѓу Израел и Јордан
-
ИДФ: Повеќе од 50 ракети истрелани од Либан врз северниот дел на Израел
-
АХВ казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје
-
Димитриевски: Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава
-
Во пресрет на дебатата, Трамп се заканува со затвор за вмешаните во „изборната кражба“
-
Шеф на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските нуклеарни закани
-
Приведени криминалци во Скопје барани со потерници за извршени тешки кражби
-
Мицкоски: Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни