Свет
12. December 2016 - 9:11

Бил Инглиш нов премиер на Нов Зеланд

Владејачката Национална партија го именуваше министерот за финансии на Нов Зеланд, Бил Инглиш за нов премиер на таа држава откако Џон Ки поднесе оставка на функцијата во минатата недела.

За заменик прмеиер именувана е минстерката за социјална заштита Паула Бенет.

Именувањата се објавени по состанок на членовите на Националната партија. Ки минатата недела објави дека ќе поднесе оставка на функцијата премиер на Нов Зеланд поради семејни причини.