Балкан
23. December 2018 - 13:43

Бик напаѓа сообраќаен полицаец на крстосница

Безбедносните камери го снимиле бикот на крстосница во градот Браила, Романија , откако 300 килограми тешкиот бик избегал од блиската фарма. Бикот требало да биде однесен на пристаништето , но им избегал на чуварите.
 
Најлошо помина сообраќаен полицаец , кој му се најде на патот на огромното животно. Бикот подоцна бил фатен и вратен на сопственикот , кој бил казнет за инцидентот.
 
Полицаецот бил пренесен во болница , но без сериозни повреди. Снимката настанала во октомври 2015 , но деновиве повторно стана актуелна на социјалните мрежи.