Биган за Северна Кореја: САД имаат цел, а не рок
Специјалниот американски претставник за Северна Кореја, Стивен Биган изјави дека Вашингтон нема да го прифати ултиматумот на Пјонгјанг до крајот на годината да се направат отстапки за прекинатите нуклеарни преговори.
Тој од Сеул ја повика Северна Кореја веднаш да се врати на преговарачката маса.
– За оваа прашање сакам да бидам целосно јасен, САД имаат цел, а не рок, посочи Биган.
Северна Кореја им даде рок до крајот на годината САД да предложи нов договор за денукларизација, со кој значително би се ублажиле санкциите. Претходно, Пјонгјанг наведе дека ако Вашингтон не го исполнат рокот би можеле да очекуваат „божиќен подарок“.
Биган таквите најави од Северна Кореја ги оцени како „непријателски, негативни и непотребни“. Тој додаде дека САД се свесни оти можно е Северна Кореја да изврши поголема провокација претстојните денови, а таква акција би била непродуктивна за постигнување на траен мир на Корејскиот Полуостров.
– Да се обратам директно на нашите пандани во Северна Кореја, време е да ја работиме нашата работа. Ајде да го завршиме тоа. Ние сме овде и знаете како да не контактирате, истакна Биган.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да ги укине санкциите додека Северна Кореја целосно не се откаже од својата нуклеарна програма. А, Северна Кореја возврати дека доколку САД не дадат прифатлива понуда, Пјонгјанг ќе најде „нов пат“.
Последните месеци Северна Кореја изврши повеќе тестирања на ракети со краток дострел и друго оружје.
Експертите оценуваат дека Северна Кореја би можела да лансира ракета со сателит или интерконтинентална балистичка ракета ако САД не го испочитуваат дадениот рок, до крајот на годината.
Ново на Сител
-
Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници
-
Вежба против несоница
-
Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина
-
Уапсена 36 годишна прилепчанка затекната при кражба во куќа во Прилеп
-
Некои од најлесните раси кучиња за тренирање
-
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп откако Виткоф ќе му ги пренесе информациите што ги доби од Москва
-
Донатела Версаче замина во пензија
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона