Македонија
14. March 2025 - 14:21

Без вода утре селата Батинци и Љубош

Селата Батинци и Љубош во текот на утрешниот ден ќе останат без вода за пиење, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Според информацијата што ја добиле од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, корисниците ќе немаат вода од 8:30 часот до завршување на работни активности.

Како причина за прекинатото водоснабдување е наведен дефект во селото Батинци, општина Студеничани.