Белорусија планира да го снабдува Чернобил со струја, Украина возврати
Украинската нуклеарна централа Чернобил, која е исклучена од снабдувањето со електрична енергија и заземена од руската војска, ќе се снабдува со енергија од соседна Белорусија, пренесе ДПА.
Ова го соопшти Министерството за енергетика во Минск, јави белоруската државна новинска агенција БелТА.
Украинската државна енергетска фирма „Укренерго“ го критикуваше планот откако руското гранатирање ги прекина далноводите. Истакна дека прекин на огнот е најдобар лек.
„Сите извештаи на руските и белоруските медиуми за снабдување на централата Чернобил од Белорусија се провокација со цел да се влоши ситуацијата“, се вели во соопштението на „Укренерго“.
Чернобил доживеа катастрофална нуклеарна несреќа во 1986 година. Во 2021 таму беше отворен нов привремен капацитет за складирање на радиоактивен отпад и експертите рекоа дека нема непосредна опасност поради недостигот на електрична енергија.
Ново на Сител
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури
-
Црвен крст - Штип организира обуки за прва помош за заинтересирани граѓани, фирми и ученици
-
Преглед на вестите од светот
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот