Белгиските социјалисти предлагаат државата да одгледува и продава канабис
Партијата на белгиските социјалисти франкофони, втората политичка сила во земјата, предложи државата да одгледува и да продава канабис.
Претседателот на партијата, Елио Ди Рупо, во неколку интервјуа објасни дека целта е потрошувачите на оваа лесна дрога да бидат подобро заштитени. Според него, во земјата канабис користат над 1,5 милиони граѓани, но поради забраната за легално одгледување тие се принудени да се поврзуваат со криминални кругови, за да го набават.
Ди Ропо истакна дека годишните расходи на државата за спроведување на тековната политика за забрана и истраги чини околу 300 милиони евра – за полицијата, судовите и затворите.
Според него, неопходно е државата да го следи квалитетот на произведеното растение и да наплаќа даноците за продажба. Тој додаде дека криминалците кои продаваат канабис во моментов ги охрабруваат младите луѓе да се префрлат на други потешки дроги, стимулирајќи ги своите бизниси.
Лидерот на партијата, исто така, истакна дека Белгија досега била лицемерна бидејќи забраната не доведе до исчезнување на понудата и побарувачката.
Тој даде пример со САД, Канада, земјите од Јужна Америка, Холандија, Луксембург и други земји каде што властите дозволија употреба и поседување ограничени количини, кои се оданочени. Ди Рупо објасни дека според предлогот, и ако се укинат ограничувањата, забраната за продажба ќе остане во сила за малолетниците.
Белгискиот парламент допрва треба да дискутира за нацрт-законот за употреба на канабис за медицински цели. Социјалистите планираат да поднесат дополнување за да се овозможи производство и рекреативна употреба, но под државен надзор.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани