Белгија/Ковид-19: Се движиме кон стабилизација на состојбата
Белгија продолжува да бележи голем број смртни случаи предизвикани од Ковид-19, но и намалување на бројот на хоспитализирани лица.
Во последните 24 часа се регистрирани 162 смртни случаи во белгиските болници, а хоспитализирани се 314 лица
Федералниот центар за јавно здравје на Белгија констатира дека „општата“ состојба во Белгија се движи кон стабилизирање, но дека треба да се продолжат напорите во наредните недели за ситуацијата да се врати во „прифатливи рамки“.
„Ова намалување на хоспитализациите мора да ни даде сила да продолжиме. Да се држиме заедно, да бидеме обединети “, се вели во пораката од федералниот Центар за јавно здравје на Белгија.
Во соопштението се додава дека обемот на тестирање за Ковид-19 во Белгија значително се зголемил и сега изнесува 10 илјади направени тестови дневно.
Од вкупно 22 194 заразени, во периодот од 15 март до 6 април, девет илјади биле примени во белгиските болници, а 4157 се испишани од овие установи.
Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Белгија изнесува 2.035 лица.
Ново на Сител
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО