-->
-->
ЕУ: Сојот Омикрон ќе биде доминантен до средината на јануари
-->
Сојот Омикрон на коронавирусот се очекува да стане доминантна варијанта во Европска Унија до средината на јануари, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа додаде дека Унијата е подготвена да се бори со тој сој со 66 отсто од вакцинираното население и оти е убедена дека ЕУ има сила и средства да ја надмине пандемијата.
Фон дер Лајен додаде дека досега повеќе од 300 милиони Европејци (66,6 отсто од популацијата на ЕУ) се целосно имунизирани против Ковид-19, а 62 милиони веќе примиле засилена доза од вакцината.
Таа истакна дека ЕК почнува онлајн информативни кампањи за да ги убеди луѓето да се вакцинираат.
Според неа само 44 отсто од вкупното население ширум светот се вакцинирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево
-
Меѓунарадните набљудувачи со оценка дека изборите биле организирани ефективно, забелешки за законодавството