-->
-->
Белгија бара селектор преку оглас на кој може да се пријави секој
-->
Фудбалската федерација на Белгија распиша конкурс за нов селектор, место за кое може да се пријави секој, а целиот процес потсетува на добро познатата игра „фудбал менаџер’’.
По разочарувачкиот настап на ЕП во Франција, беше разрешен досегашниот селектор Марк Вилмуц, па раководството на федерацијата се реши на својата веб страна да објави оглас за испразнетото селекторско место, со желба да се пријават повеќе кандидати.
Рокот за пријавување истекува на 31 јули, а „идеалниот“ кандидат меѓу другото треба ги исполнува следните услови: „Искусен, со потврдени успеси во светот на фудбалот, отворен , силно комуникативен и да вргади култура за многу добри настапи кај играчите“ – пишува во огласот објавен од страна на белгиската федерација.
Белгија која котира на 2.место на ФИФА ранг листата разочара со својот настап и постигнатиот резултат на последното Европско првенство во Франција, особено по поразот со 1:3 од Велс во четвртфиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања
-
Таравари најави дека до петок ќе каже како ќе се решава проблемот со хируршките сали
-
Невреме во Тетовско
-
Вчерашното невреме зад себе остави пустош низ Скопје
-
Приватните автобуси возат низ Скопје
-
Самка Ибраимовски пријавен дека се заканувал на уставни судии, тој негира
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба