Македонија
24. јуни 2024 - 16:34

Вчерашното невреме зад себе остави пустош низ Скопје

Вчерашното невреме зад себе остави пустош низ Скопје. Паднати дрвја, блокирани улици, скршени прозорци од домови, осакатени сообраќајни знаци и откачени семафори е денешната слика низ главниот град.

Граѓаните се фрапирани.

Надлежните екипи се на терен, работат на санирање на штетите. По вчерашниот хаос, денеска сообраќајот е регулиран. 

Најкритично е во Автокоманда, кај полициската станица. Поради тоа што дрвјата паднаа врз трафостаницата, овдешните жители останаа без електрична енергија. Екипите се на терен и работат на санирање на штетата. Зголемен е и бројот на повици кај Центарот за управување со кризи. 

И претходно срушениот ѕид кај Детската клиника дополнително се урна. Паднаа дрвја, подземните води веќе се површински, граѓаните стравуваат за својот живот, а никој од надлежните се уште не презема никакви активности за негова санација.