Македонија
24. јуни 2024 - 16:33

Приватните автобуси возат низ Скопје

Приватните автобуси возат низ Скопје. И покрај најавите дека во 10 часот ќе прекинат и ќе се вратат во гаражите, тоа не се случи. Директорите на трите фирми се кријат од медиумите и не кажуваат зошто ги исплашија граѓаните со закани дека од денеска ќе нема редовен превоз.

Неофицијално, тројцата директори биле викнати на средба во Град Скопје и се договориле дел од парите да добијат неделава. 

„Имаше состанок, разговарано е со официјални лица, со градоначалничката, со секторот за сообраќај, директорот на ЈСП. Ни ветија дека поголем дел од долгот, кој достигна веќе 140 милиони денари, ќе гледаат да го исплатат во текот на неделва, да обезбедат средства. Очекуваат сега прилив сега од Град Скопје да исплатат на ЈСП. Веќе знаеме јавното сообраќајно претпријатие во каква ситуација се наоѓа и не знаеме ние што да правиме понатаму“ – сопственик на автобус

Потврда за ваквата средба нема од Град Скопје. Испративме прашања дали Арсовска имала состанок со приватните превозници и што било дискутирано, но одговор не добивме.

Ова не е првпат приватниците да најават прекин на работата. Тие штракјуваа половина година, од декември 2022-та, до мај лани поради долг од еден и пол милион евра.