Белата куќа работи на собирање повеќе информации за нападот кај Москва
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави дека Белата куќа работи на собирање повеќе информации за нападот кај Москва.
– Нашите мисли очигледно ќе бидат со жртвите на овој ужасен, ужасен напад со пукање, рече тој на редовниот брифинг со новинарите.
Американскиот Стејт департмент објави известување до Американците во Москва да избегнуваат поголеми собири „за своја безбедност“, рече тој и побара да останат во контакт со Стејт департментот за дополнителни информации.
Би-Би-Си јави дека од Белата куќа рекле дека „во овој момент нема индикации“ за вмешаност на Украина во нападот.
Се стравува дека има неколку жртви откако неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва.
Руската разузнавачка служба ФСБ потврди дека има загинати и повредени во нападот, пренесе ДПА повикувајќи се на агенцијата Интерфакс.
Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт.
Ново на Сител
-
Бројот на работниците во индустријата од јануари до август зголемен за 1.4 отсто
-
Од четврток дожд, грмежи и ветер
-
СДСМ: 100 дена изговори
-
ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Мицкоски
-
Токсини од стафилокока во бомбиците причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“
-
Трендафилов: Нечовечки е да се зема плата од 22.567 денари
-
Намален бројот на студенти, покажува истражувањето на ЦГК
-
Вработени на патарина „Романовце“ не наплаќале на полицaјци | ВИДЕО