Бејбиситер од пеколот: Им го чувал бебето и им го оставил со модрици
Двојка од Шервуд во Орегон го оставила своето бебе со лице на кое му верувале, а го затекнале целото со модрици и повреди. Фотографиите ги објавија на Фејсбук, а своите фрустрации во врска со постапувањето на правниот систем во овој случај на злоставување на дете ги споделија со пријателите.
Алиша Квини и Џошуа Марбури објавија фотографии на кои се прикажани последиците од злоставувањето на нивниот син Џејкоб, а одговор на тоа бил излив на бес и фрустрации.
Фотографии ги направиле ден откако родителите го затекнале своето дете само на подот како плаче, додека бејбиситерот спиел на каучот.
-Прво го забележав неговото модро око. Помислив, што ли се случило, Господе? А потоа тој се сврте и видов дека целата страна од неговото лице беше помодрена, вели мајката.
Родителите го однеле својот син во болница, а лекарите и социјалнтие работници исто така ги фотографирале неговите повреди и поднеле извештај до полицијата.
Обвинителот им рекол на родителите дека во овој момент не постојат доволно докази за да се покрене обвинение против осомничениот. Иако поминале 2 месеци од инцидентот, виновникот се уште не е уапсен.
Затоа овие луѓе одлучија да ги објават фотографиите на Фејсбук, каде се споделени 330.000 пати.
Ново на Сител
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот