Бегајќи од полиција комбе со мигранти пропадна во канал во Велес | ВИДЕО
Комбе полно со мигранти вчеравечер околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица. Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата „8 Септември“, од кружниот тек кон С`рмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во шанецот.
Од велешката полиција потврдија дека бегајќи од полициска потера, комбето влегло во забранет правец на улицата „8 Септември“ и пропаднало во ископаниот ров. Оттаму велат дека возачот и совозачот се фатени и приведени.
Според дел од медиумите, македонската полиција заедно со припадници на ЕУЛЕКС, го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.
Неофицијално во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко, кои биле во комбето.
Повеќе детали од полицијата за инцидентот се очекуваат денеска.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година