Живот
27. March 2019 - 13:17

Бебе падна во бунар длабок 19 метри: Спасувањето трaеше два дена, го извлекоа на неверојатен начин

Дете на возраст од само 18 месеци паднало во дупка длабока 19 метри, а спасено е по два дена.
 
Малиот Индиец отишол да собира овошје со мајката и роднините кога паднал во бушотина во Хисар. Како што се наведува, си играл со другите деца, се лизнал и само исчезнал.
 
Бидејќи родителите не можеле сами да го извлечат, повикале помош.
 
 
Набрзо на самото место дошла спасувачка екипа, а на тернот имало голем број полицајци и лекари.
 
Спасувањето траело 48 часа, а во меѓувреме на детето низ дупка му давале кислород, кекси и сок.
 
 
За да го извлечат, морале да ископаат паралелен тунел од околу 6 метри оддалеченост, после што рачно копале за да не му наштетат на детето.
 
 
Кога еден од спасувачите конечно го извлекол детето, го замотал во ќебе и го однел до амбулантното возило, а многуте насобрани жители се радувале.
 
Детето се чувствува добро, а надлежните велат дека бунарот бил ископан без дозвола така што ќе биде покрената истрага.