Бајден разговараше со италијанскиот премиер за ситуацијата во Авганистан
Американскиот претседател Џо Бајден и италијанскиот премиер Марио Драги одржаа телефонски разговор за време на кој разговараа за ситуацијата во Авганистан.
„Тие разговараа за важноста од продолжување на тесната координација меѓу нивните воени и цивилни претставници во Кабул, кои неуморно работат заедно за да обезбедат безбедна евакуација на своите граѓани и Авганистанците кои храбро ни помогнаа нам и на НАТО во воената сфера”, соопшти Белата куќа.
Соговорниците ги одобрија плановите за спроведување онлајн самит на Г-7 за Авганистан следната недела.
Претходно италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо изјави дека властите во земјата подготвуваат вонреден самит на Г -20 за решавање на авганистанската криза, наведувајќи ја потребата од „зајакнување на заедничките и координирани пристапи со важните партнери – Русија, Кина и Турција”.
Кремљ соопшти дека Драги разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин, по што беше најавено дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе ја посети Италија на 26 и 27 август.
Ново на Сител
-
Трендафилов: Нечовечки е да се зема плата од 22.567 денари
-
Намален бројот на студенти, покажува истражувањето на ЦГК
-
Вработени на патарина „Романовце“ не наплаќале на полицaјци | ВИДЕО
-
Гола статуа на Доналд Трамп поставена кај Лас Вегас
-
Рама по инцидентот: Политиката има моќ да сее но и да истребува
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии