Loading Video...
Фудбал
4. September 2023 - 19:58

Бабунски: Да блеснеме повторно против Италијаните

Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат нови предизвици во квалификациите за следното ЕП . На 9-ти овој месец во Скопје ќе гостува селекцијата на Италија а три дена подоцна патуваме на Малта. 

Селекторот Милевски попладнево го одржа првиот тренинг во комплетен состав со сите играчи на кои смета за овие тешки дуели. 
Во тимот е и Доријан Бабунски кој деновиве се пресели во редовите на Грасхоперс:
„Италија е светска сила во фудбалот. Но сега имаме реновирана енергија, треба да се фокусираме, да научиме од нашите грешки од претходните натпревари, да ги исправиме и да ги подобриме сите аспекти од нашата игра. Ќе дадеме се од себе да извлечеме позитивен резултат. Во фудбалот нема историја. Тоа што поминало – поминало, сега со нова енергија да се потрудиме колку што е можно да им парираме и да конкурираме за добри резултати.
Мислам дека секој играч кога доаѓа да игра за репрезентација е спремен 100%, оваа енергија тука не може да се почувствува во клуб. Тука има и искусни играчи, доста си помагаме едни со други и мислам дека ако сме со позитивен менталитет ќе направиме нешто“, изјави Бабунски.