Автомобил падна во Вардар, повикани се спасувачи
Кола во моментов се наоѓа во реката Вардар, во делот меѓу Камениот мост и мостот Око во центарот на Скопје. Колата е заглавена меѓу фонтаните, а екипи од Бригадата за противпожарна заштита се обидуваат да го извадат возилото од водата.
Како што велат од Пожарната за САКАМДАКАЖАМ.МК во колата нема патници.
„Според изјавите на очевидци колата паднала во Вардар кај ресторанот ‘Жабар’ односно кај зградата на Владата. Информациите кои ги имаме од граѓани се дека девојка ја возела колата по кејот каде е забрането движење на возила односно во делот за пешачење и рекреација. Во еден момент колата паднала во Вардар, но не се знае кога девојката го напуштила возилото. Колата сеуште е со запалени фарови“, велат од Бригадата за противпожарна заштита за порталот.
Повикани се пожарникари за да интервенираат.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука