Австриските власти ќе ја урнат родната куќа на Хитлер
Родната куќа на Адолф Хитлер во Северна Австрија ќе биде урната, за да се ослободи место за нова зграда и да се стави крај на повеќегодишната судска битка за објектот, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка за весникот „Пресе“.
Тој наведе дека новата зграда најверојатно ќе биде користена од хуманитарни организации или од администрацијата.
- Така ќе се гарантира дека местото, што претходно беше користено за неонацистички поклоненија, повеќе нема да се поврзува со Хитлер, наведе Соботка.
Во јули австриската Влада нареди куќата во градот Браунау на Ин да им се одземе на сопствениците, откако специјална комисија заклучи дела таа „нема вредност на споменик“. За да се конфискува куќата беше применет специјален закон. ДО 1965 година во трикатната зграда од 17 век имаше библиотека, а потоа банка и училиште. Од 1977 до 2011 година во објектот беа сместени работилници и засолниште за социјално ранливи лица.
Ново на Сител
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија