Австралијка „од злоба“ ставала игли во јагодите во Австралија
Австралијанката која е обвинета дека ставала игли за шиење во јагоди во случајот на саботажа со висок профил, била мотивирана од „злоба“.
Судијката Кристин Рони рече дека Мај Ут Трин (50), која беше уапсена вчера поради сомнение дека ставале игли за шиење во кутии со јагоди, рече дека нејзин мотив бил „злоба или одмазда“.
Полицијата во Бризбејн утрово соопшти дека во јагодите со игли била пронајдена ДНК на Трин, која работела како надзорник на фарма за јагоди, јави Би-Би-Си. Судијката прецизираше дека таа во текот на неколку месеци ставала метални предмети во овошјето, а локалните медиуми тврдат дека таа сакала да предизвика финансиска штета на фармата каде работела.
Доколку биде прогласена за виновна, таа се соочува со казна затвор до 15 години.
Во Австралија во септември беше отворена истрага за да се открие кој става игли за шиење скриени во јагоди што се продаваат во маркетите и на пазарите ширум земјата. Инцидентите предизвикаа масовна паника во Австралија, а службите стравуваа дека можни се појави на имитатори на злоделото. Неколку брендови ги повлекоа своите производи, а најголемите синџири за продажба на овошје и зеленчук престанаа да продаваат австралиски јагои како мерка на претпазливост.
Одгледувачите на јагоди изразија загриженост дека ова скапо ќе ја чини индустријата што вреди околу 130 милиони австралиски долари годишно.
Ново на Сител
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија