Австралија предупреди на појавата на малициозни веб-страници по глобалниот пад на ИТ
Австралиската кибер-разузнавачка агенција денеска соопшти дека се појавиле малициозни интернет адреси кои тврдат дека опоравуваат од вчерашниот глобален пад на ИТ што погоди медиуми, банки и авиокомпании.
На својата веб-страница, Австралиската радиотехничка разузнавачка служба – кибер-разузнавачка агенција на земјата – објави дека „ги повикува сите корисници да добијат технички информации и ажурирања на системот само од официјални извори на „Crowd Strike“.
Министерката за кибер безбедност, Клер О’Нил на „Х“ напиша дека Австралијците „треба да бидат свесни за потенцијалните измами и обиди за пристап до лични податоци“.
Вчерашниот пад ја погоди Комонвелт банката на Австралија, најголемата банка во земјата, која рече дека некои клиенти не биле во можност да вршат трансфер на пари.
Националната авиокомпанија Квантас и аеродромот во Сиднеј соопштија дека има доцнење на летовите.
Премиерот Ентони Албанезе синоќа изјави дека падот не влијаел на критичната инфраструктура, јавните служби или телефонските броеви за итни случаи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен