Авиони на меѓународната коалиција уништиле 116 цистерни со нафта на ИД
Авиони на меѓународната коалиција, предводена од САД, во еден ден, уништиле 116 цистерни со нафта, на џихадистите од Исламска држава (ИД), соопшти во Вашингтон американското Министерство за одбрана.
Нападот бил извршен вчера, во реонот на сирискиот град Албу Камал, во источниот дел од земјата, што се наоѓа под контрола на џихадистите.
Коалициските сили и досега ги бомбардираа цистерните со нафта, што се во посед на ИД, но ова е досега најголемото количество нафта, што е уништено при еден авионски напад.
„Црниот пазар“ со нафта се верува дека е најзначајниот извор за финансирање на џихадистите и нивните терористички операции.
Безбедносни експерти веруваат дека околу половина милијарди долари годишно, ИД добива од нафтената индустрија, на територијата што џихадистите ја имаат под своја контрола во Сирија и во Ирак.
Претставник на Пентагон изјави дека нападот во Албу Камал е дел од стратегијата на меѓународната анти-ИД коалиција, за прекинување на изворите за финансирање на џихадистите и нивните операции.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата