-->
-->
Атина во строг карантин до 28 февруари
-->
Од задутре, четврток до 28 февруари ќе има зголемени рестриктивни мерки во Атика. Ова значи дека се затвора секаков вид малопродажба, а сите нивоа на образование ќе работат на далечина, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во видео пораката што вечерва ја упати до граѓаните.
Мерките за областа Атика, поширокиот регион на Атина, се воведуваат по препораката на Комисијата на епидемиолози, која денеска одржа вонреден состанок, а Мицотакис рече дека одбрал тој лично да ги соопшти и објасни одлуките.
Надлежните министри утре детално ќе ги објаснат новите мерки.
Во Грција денеска беа регистрирани 1.526 нови случаи на Ковид-19, од кои 750 се во Атика, а починаа 20 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце