Асад: Сириската криза е конфликт меѓу Западот и Русиja
Граѓанската војна во Сирија е всушност конфликт меѓу Западот и Русија, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за рускиот весник „Комсомолскаја правда".
- Актите на Турција во Сирија претставуваат инвазија, што е спротивно на меѓународното право. Евентуалното одземање на градот Алепо од рацете на бунтовниците, ќе и даде можност на сириската армија да ги одврати терористите назад кон Турција, додаде тој.
Според него, треба да продолжи „расчистувањето на таа област“ и бунтовниците да бидат поттиснати кон Турција, „за да се вратат онаму од каде што дошле или да бидат убиени“.
- Нема друг начин. Алепо ќе биде многу важно стратешко место за реализирање на тој потфат, нагласува натаму Асад во интервјуто.
Сирискиот претседател при тоа повторно ги истакна Русија, Иран и либанското шиитско движење Хезболах како главни сојузници на неговата земја во борбата против терористичката групација Исламска држава
- Русија, Иран и Хезболах се наши постојани сојузници и нивното присуство овде е сосема законско. Тие војуваат против терористите, но има други фактори, кои се вмешуваат токму со цел да им помогнат на терористите. Сирија е независна држава, а Западот никогаш нема да се помири со независноста на која и да е земја, без оглед дали тоа е малата Сирија или големата Русија. Што им е проблемот со Русија? Тоа што таа го заштитува своето право да вели „да" или „не". А Западот сака постојано да се согласувате со нив. Ист е проблемот и на Сирија со Западот, дополни сирискиот лидер.
Според него, Саудиска Арабија предлагала помош за Сирија, под услов Дамаск да ги прекине односите со Техеран.
- Моментно, ситуацијата наликува на Студена војна во развој. Западот, особено САД, не ја имаат завршено Студената војна по распадот на Советскиот сојуз, изјави Асад, додавајќи дека САД и дозволиле развој на вахабизмот.
Ново на Сител
-
Флик: Не беше лесно по црвениот картон, но издржавме
-
Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители
-
Англичанка го преименува „Американо“ во - „Украино“ како протест против САД
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово
-
Приведен 36 годишник баран со потерница
-
Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи
-
Лекорну: Франција и нуди разузнавачки информации на Украина
-
Германската пошта укинува 8.000 работни места