Свет
13. April 2017 - 19:57

Асад: Хемискиот напад е 100 отсто исфабрикуван

Сирискиот претседател Башар Асад денеска изјави дека наводите за напад со хемиско оружје се „измислица“ за да се оправда нападот на американската армија со крстосувачки ракети.

- Дефинитивно, 100 отсто тоа е исфрабрикувано. Наш впечаток е дека Западот, првенствено САД, соработуваат со терористите. Тие ја измислија целата приказна за да имаат повод за напад, изјави Асад во прво интервју за АФП по нападите на САД со крстосувачки ракети врз воздухопловната база Шајтат во Сирија, пренесе Си-Ен-Ен.