Анкета: Камала Харис со мала предност во Висконсин и Мичиген, изедначена со Трамп во Пенсилванија
Потпретседателката на САД и демократска кандидатка на претседателските избори, Камала Харис, има мала предност пред републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во Мичиген и Висконсин, додека двајцата кандидати се изедначени во Пенсилванија, покажува новата анкета на Си-Ен-Ен, објавена синоќа.
Помалку од една недела пред изборите на 5 ноември, демократката Харис води со 48 наспроти 43 проценти меѓу веројатните гласачи во Мичиген и со 51 наспроти 45 проценти во Висконсин – две од трите неопределени држави кои го добија прекарот „плав ѕид“ поради нивната клучна улога во победата на претседателот Џо Бајден над Трамп во 2020 година.
Во третата држава од „плавиот ѕид“, Пенсилванија, анкетата на Си-Ен-Е покажа дека Харис и Трамп се изедначени со 48 проценти.
Со деветнаесет електорски гласови, Пенсилванија е една од најпосакуваните награди во борбата за Белата куќа.
Интервјуата се спроведени од 23 до 28 октомври преку интернет и телефон со 726 веројатни гласачи во Мичиген, 819 во Пенсилванија и 736 во Висконсин, објави Си-Ен-Ен.
Маргината на грешка изнесува плус или минус 5 процентни поени.
Ново на Сител
-
Фетаи добил закани по живот
-
Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики
-
Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн
-
Херцог шокиран од насилните судири во Амстердам
-
АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови
-
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона
-
Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена