Ањели: Обвиненијата против нас се неосновани
Андреа Ањели ги смета за неосновани обвинувањата кон поранешното раководство на Јувентус.
– За љубовта на Јувентус, во последните години направив се што е можно за да постигнам резултати на теренот и надвор од него. Јувентус е над се. Цврсто верувам дека во последните години постапив како што треба и дека обвинувањата против нас беа неосновани, изјави екс-претседателот на Јувентус на состанокот на акционерите на клубот.
Претходно, оставка поднесе и целиот управен одбор на Јувентус, вклучувајќи го и Ањели.
Јувентус и поранешните членови на управата на клубот се соочуваат со судски постапки.
Вчера, компанијата „Ексор“, во сопственост на семејството Ањели и мнозински сопственик на Јувентус, ја претстави листата на кандидати за новиот управен одбор на клубот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето