Анѓушев: Платите на градежните инженери рапидно растат
Градежниот факултет е една од клучните образовни институции коишто влијаат практично врз целокупното градежништво во државата, а кое е еден од столбовите на економскиот развој на државата. Доколку сакаме здрава економија, мораме да имаме добри едуцирани кадри во оваа област, истакна денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на Градежниот факултет во Скопје.
Тој посочи дека денес тешко може да се најде солиден градежен инженер, а притоа да не биде добро платен.
– Јас тоа го знам од соработка со сите градежни компании. Мислам дека особено на градежните инженери платите рапидно растат и тоа е само еден од условите тие млади луѓе да си ја најдат иднината во нашата држава. Се разбира, треба да имаат и подобар амбиент, стабилна држава, добар здравствен систем, за да не заминуваат од тука, рече Анѓушев, во врска со проблемот за одлив на млади стручни кадри од државата.
Тој посочи дека фактите покажуваат оти платите во последните две години пораснале 10 отсто.
-Јас ви гарантирам во делот на инженерските кадри тие пораснаа многу повеќе, потенцира вицепремиерот.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески истакна дека со Градежниот факултет имаат одлична соработка.
-Градежништвото е еден од оние области, кои се во значителен дел на БДП, опфаќаат голем број на работници во нашата држава. Верувам дека тоа ќе се зголемува во натамошниот период, бидејќи динамиката, која во последниве две години се зголемува во делот на изградбата на кој било основ на инфраструктура, е за поздравување. Нашите очекувања се дека и во 2020 година, со уште поголема динамика, ќе имаме прогрес во сериозни активности во делот на патната и железничката инфраструктура, во делот на гасификацијата, рече Сугаревски.
Деканот на Градежен факултет, Златко Србиноски истакна дека како граѓанин на нашата држава стравува од општиот одлив на мозоци, но од друга страна е горд сум што на стручните лица од Градежен факултет, кои заминат во странство, им се признаваат дипломите.
-Ние правиме се што е можно да ги задржиме тие млади луѓе. Но, современиот начин на живот отвора нови можности и патувања. Тие патувања всушност започнуваат уште од студентските денови со размените коишто ги имаме, а потоа кога ќе се отворат видиците младите луѓе не може да се сопрат. Наша мисија е да ги добро едуцираме во секој случај, истакна деканот Србиноски.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот
-
Дојран се полни за новогодишните и божиќните празници
-
За една недела санкционирани 142 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Таравари: Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година
-
АХВ: Контроли во месарниците, уништени 620 килограми небезбедно месо
-
Предложени притворски и други мерки за осомничените за криумчарење луксузни автомобили
-
Храна што е штетна при доењето, ако се внесува прекумерно
-
Талибанците им наредиле на невладините организации во Авганистан да престанат да вработуваат жени