Предложени притворски и други мерки за осомничените за криумчарење луксузни автомобили
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за четири лица, како и предлог за мерки за претпазливост за едно лице осомничени дека учествувале во дејствија криумчарење и фалсификување исправи и службени исправи.
Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од нив еден не е достапен на органите на прогонот и за него притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
Дополнително, за едно лице од осомничените во вчерашната акција веќе е распишана меѓународна потерница и по него се трага поради неговата инволвираност во друг сличен предмет со криумчарење луксузни возила кој го водеше Основното јавно обвинителство Скопје.
- Уште четири лица, македонски државјани, исто така се опфатени со постапката, меѓутоа во моментов не се неопходни мерки за нивно обезбедување. Единаесеттиот осомничен, пак, е државјанин на Република Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу Основното јавно обвинителство Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе биде отстапен на Република Грција, се наведува во соопштението.
Освен овие 11 осомничени, кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи опфаќа уште две лица, меѓутоа нивните дејствија се опфатени во постапката што претходно ја водеше ОЈО Скопје, па пријавите за нив ќе бидат отфрлени.
Осомничените текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.
Возилата тука ги регистрирале и дел од нив по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.
Меѓу осомничените има и службени лица – вработени во управни служби за регистрација на возилата.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-
Момче од Македонија почина во Шпанија, семејството моли за помош за транспорт на телото
-
Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора
-
Вучиќ: Не им замерувам на студентите во блокадите, тие беа мали кога злото беше на власт