Ангелов: Иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди за убијци на 5 лица од кои 4 деца
По вчерашните протести за случајот „Монструм“ на социјалните мрежи реагираше актуелниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој напиша дека иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди со кои за виновни се прогласени убијци и помагачи на убијци на 5 лица од кои 4 деца, без троша сочувство кон семејствата на убиените деца.
- МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО
Скандирањето "УЧК“, “Етничка Албанија", мавтањето со мапи на “Голема Албанија“ како и каменувањето на полицајците кои само си ја вршеа својата работа, за време на вчерашниот протест за Монструм, не одат во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, поради што треба да бидат цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори.
Иако правото на протест е неприкосновено, сепак иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди со кои за виновни се прогласени убијци и помагачи на убијци на 5 лица од кои 4 деца. И сетоа тоа без трошка сочувство кон семејствата на убиените деца.
Затоа, апелирам! Не треба така, не е добро така. Штетно е за кревкиот процес на меѓуетничко помирување бидејки вистинското помирување е двонасочен процес во кој активно и внимателно треба да бидат вклучени двете страни. - стои во објавата на фејсбук профилот на Ангелов.
Ново на Сител
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица