Аневски поднел оставка поради семејни причини
Претседателот на Советот на јавните обвинители, Петар Аневски, денеска поднел оставка од функцијата. Оставката, како што брифираат од Советот, ја поднел поради семејни причини.
Аневски поднел оставка само од претседателската функција, но и понатаму останува член на Советот.
На денешната седница на Советот, за в.д. јавен обвинител на РМ е назначена обвинителката Лилјана Спасовска. Таа ќе ја извршува должноста до именување нов јавен обвинител на РМ.
Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.
Според Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, претседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Советот на јавни обвинители, согласно законот, треба да брои 11 членови.
Ново на Сител
-
Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
-
ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје
-
Светска банка ја ревидира прогнозата за раст на македонската економија
-
Премиерот Мицкоски заминува во САД на инаугурацијата на Доналд Трамп