Андоновски за обвинувањето од Венецуела: Авторитарен режим кој лиферува често информации непоткрепени со докази
Внимателно го следиме процесот, Министерството не е истражен орган, но ќе се заложиме за тоа никој да не биде обвинуван во државата без да има соодветни докази за тоа, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во врска со обвинувањата од Венецуела дека „хакери од Северна Македонија“ направиле сајбер-напад врз системот за пренос на податоци на изборите во оваа јужноамериканска земја.
Прашан за коментар во врска со обвинувањето од главниот обвинител на Венецуела дека наши државјани извршиле сајбер-напад во корист на опозицијата, а против досегашниот претседател Николас Мадуро, Андоновски одговори дека „станува збор за социјалистички режим којшто со години лиферува често информации непоткрепени со докази и обвинува засегнати страни и држави коишто немаат одговорност во таквите случаи“.
-Се надевам дека освен коментарите што излегоа во јавноста и коишто ги забележавме и со внимание ги следиме, од државата, од властите во таа држава ќе има и соодветни докази за наводно вмешување на некои наши граѓани или институции од државата. Внимателно го следиме процесот. Министерството не е истражен орган, но ќе се заложиме за тоа никој да не биде обвинуван во државата без да има соодветни докази за тоа и да не бидеме вмешувани во внатреполитички битки на еден авторитарен режим којшто постои со години во таа држава и неговиот однос кон опозицијата во таа држава, рече Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со работната група за изработка на сајбер-стратегија.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски