Андоновски: СДСМ ги злоупотребува инспекциските служби
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека ги злоупотребува инспекциските служби за партиски цели и оти врши притисок врз фирмите.
- Неполни недела дена од затворањето култните локали „Палма“ и „Тренд“ во Аеродром, инспекцијата под команда на Сања Лукаревска и нејзиниот пријател Стефан Богоев, го затвори и познатиот локал „Броз Кафе“. Ова е класичен удар врз фирмите и угостителите, и е пример за политичка тортура, рече на прес-конференција Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, СДСМ не го исполниле ветувањето од изборната програма дека превенцијата ќе биде темелот на казнената политика и оти инспекциските служби нема да се користат за репресија и притисок врз фирмите.
- Инспекциите не се и не смеат да бидат средства за тортура врз бизнисот, мора да работат исклучиво врз база на законот, и никако поинаку, рече Андоновски.
Ново на Сител
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот