Андонов во посета на СВР Битола
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов денеска беше во посета на СВР Битола каде што, како што рече, бил информиран за подготвеноста на Секторот за спроведување на претстојните вонредни парламентарни избори, како и за безбедноста состојба на подрачјето од надлежност на СВР-Битола.
Според Андонов, безбедносната состојба е стабилна, а во СВР-Битола се подготвени за претстојните вонредни парламентарни избори.
- Можам да констатирам дека безбедносната состојба на подрачјето на СВР-Битола е стабилна, и покрај сите зголемени обврски кои ги има Секторот обезбедувајќи ги затворите во Битола и Прилеп. Униформираните полициски службеници и криминалистичката полиција успешно ги извршуваат задачите за зачувување и унапредување на безбедноста на граѓаните. Реализацијата на откриените кривични дека е околу 35 насто и со оглед на бројот на полициски службеници и обемот на ангажираност по разни оперативни активности тоа е сосема задоволителен процент на реализација. Раководството на СВР-Битола е подготвено за спроведување на изборите, луѓето се искусни и знаат како да постапуваат. Во овој период се прават проценки за избирачките места за загрозеноста на избирачки места од поединци кои би можеле поради криминални активности да предизвикаат проблеми и до почетокот на кампањата ќе бидат подготвени и оперативните планови и проценките за ангажман на полициските службеници во текот на изборите, посочи Андонов.
Во врска со синоќешната престрелка во Скопје во која е повредено и едно лице, заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов рече дека во тек е истрагата, а првичните сознанија се дека се работи за пресметка.
- Со оглед на тоа дека лицето врз кое е извршен обид за убиство има оперативен зафат во хируршкиот центар во Скопје, можеме да констатираме дека лицето е познато на Службата по своите криминални активности, потекнува од општината Ѓорче Петров, знаеме за неговите активности, а на јавноста и е позната и неговата политичка активност. За жал се докажа тоа што барем јас во целиот изминат период го говорев дека со противзаконските поставувања во МВР, со врските на СДСМ и министерот Спасовски со криминални групи и поединци само се зголемува тензичноста и тоа не помага во зголемување на безбедноста на граѓаните, рече тој.
Додаде дека првичните сознанија што ги има полицијата насочуваат кон тоа дека се работи за некоја пресметка, а дали ќе биде криминална или криминално-политичка пресметка со оглед на профилот на лицето кое учествувало во престрелката и кое е повредено, полицијата ќе истражува.
- Завршен е увидот на лице место, подигнато е моторното возило на повредениот и по негово враќање во контактибилна состојба, се надевам дека операцијата ќе заврши успешно и потоа ќе можеме да добиеме поконкретни информации за тоа што се случило. Жалам што морам да констатирам дека последниов месец имавме неколку случаи во кои доживеавме криминално-полициски местенки, активности на некои криминални групи и тоа ме плаши дека во текот на изборите може такви работи да се случат, изјави Андонов за време на денешната посета на СВР-Битола.
Ново на Сител
-
Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на трансродовиот делириум во САД
-
Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра
-
Најчестите причини за често будење навечер
-
Дедо Мразовци со суп даски во Солунскиот залив
-
Чести навики кај жената што вообичаено го нервираат мажот
-
Нова вакцина за ХИВ
-
ЦУК: Во последното деноноќие 2 271 повик на 112 и два пожара на отворено
-
Во текот на викендот се подигнати 65 кубни метри одложен отпад