Анчелоти: Натпреварот со Аталанта ќе биде еден од најтешките на Реал во последно време
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ги сподели своите очекувања за натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта.
– Тие играат многу добро. Се наоѓаат во извонредна форма. Тимот располага со многу ентузијазам, но ние сме решени да ги освоиме бодовите и да ги искористиме преостанатите натпревари за поволни резултати. Белингем повторно постигна гол на претходниот натпревар, што е многу важно за него и за нас. Секогаш придонесува, дури и да не постигне гол. Имам целосна доверба во мојот тим. Во последно време работите се подобруваат. Сметаме дека овој натпревар е еден од најтешките во последно време, изјави Анчелоти за официјалниот сајт на УЕФА.
Натпреварот Аталанта – Реал Мадрид ќе се игра вечер од 21 часот во Бергамо.
По пет кола во елитното фудбалско натпреварување Реал е на 24. место со шест бода, Аталанта е петта со 11 бодови.
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет